Груевски: Се нaближува крајот на агонијта што ни ја направи СДСМ

Груевски: Се нaближува крајот на агонијта што ни ја направи СДСМ
Груевски: Се нaближува крајот на агонијта што ни ја направи СДСМ

Одлична вест е што прво претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски ги распиша изборите на 5 јуни и на тој начин земјата оди напред, се наближува почетокот на крајот на оваа агонија која ни ја направи СДСМ во овој период. Одлична вест е и што Државната изборна комисија најде сили да го каже тоа што е вистина, тоа што сите го очекувавме- дека услови за фер, слободни и демократски избори постојат.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска гостуваше во Дневникот на ТВ Канал 5.

-Тоа што претседателот на ДИК напушти веројатно е нечија замисла за после изборите да се има некоја причина за да се стави некоја флека на целиот изборен процес и тоа не е новина, тоа го правеше и порано СДСМ, нешто слично направи и Новаковски како претседател на ДИК во минатото.

Со исклучок на СДСМ и претседателот на ДИК, додаде Груевски, сите останати членови од сите други партии и плус двата независни челнови на ДИК гласаа и едногласно кажаа дека услови за организирање на избори на 5 јуни има и постојат.

-Јас тоа го знаев, затоа што ние не сме прв пат на избори, ние одиме многу пати до сега на избори, гледаме што се случува, гледаме како се одвиваат подготовките, гледаме дека на ДИК во минатото многу пократок време му требаше за да ги подготви изборите, а не толку многу како што сега бараа, а добро знаеме зошто бараа и кој тоа го бараше за нив, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.