Груевски: Се оствари инвестицијата најавена пред две недели

Премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил објави дека она што пред две недели беше најавено во Универзалната сала, денес се исполни, мислејќи на втората инвестиција која беше потврдена оваа недела.

„За една недела, по завршената инвестиција на „Гентерм“, денеска беше потпишан договорот со американската компанија „Капкон“, инвестиција вредна 18 милиони евра и 400 нови работни места“, напиша Груевски.