вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Груевски: Се отворија нови 150.000 работни места

Невработеноста падна на најниско ниво, отворени се 150.000 нови работни места. Невработеноста од околу 38 падна на рекордни 24, 6, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на дневникот на Сител телевизија, при што нагласи дека тоа не е доволно и дека и уште треба да се работи на намалувањето на невработеноста, но како што нагласи, никогаш не била пониска.

gruevski-sitel-6

Поврзани вести

Намалувањето на даночната стапка за отворање нов бизнис во Република Македонија изнесува 7,4%. Важна работа е што ни донесе инвестиции и нови работни места. Секоја недела имаме новина со нова фабрика, инвестиција, нешто што порано не беше тема кај нас, немаше такво нешто. Се отворија 150.000 нови работни места. Ако имавме 560.000 вработувања во средина на 2006 година, сега имаме 150.000 повеќе и невработеноста од 38 падна на рекордно ниски 24, 6. Уште треба да се намалува, но никогаш не била пониска, потенцираше Груевски.

Најчитани вести