Груевски се сретна и со Мендух Тачи

Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, попладнево одржале средба во Владата, пишува „Дневник“.
Според весникот, Тачи му се пожалил на Груевски за изборни нерегуларности на парламентарните избори од страна на владеачката ДУИ.

На средбата се разговарало и за збор за идната влада. Тачи му рекол на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар дека ДПА е подготвена да ја подржи Владата без оглед дали неговата партија ќе биде дел од извршната власт.

Груевски денеска попладне имаше средба и со претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети со кого договориле формирање на работни групи за почетокт на преговори за нова влада.