Груевски се сретна со Ципрас

Груевски се сретна со Ципрас. Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, на маргините на денешниот прием организиран од претседателот на САД Барак Обама, остварил разговор со голем број од присутните, а меѓу останатите имал неформален краток разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Премиерот Груевски го поканил Ципрас на заедничка средба и да изнајдат решение за прашањето за името.

На маргините на настаните одржани денеска во рамки Генералното собрание на ОН, како што брифираат од Владата на Република Македонија, премиерот Груевски остварил и низа кратки средби и разговори со Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, норвешката премиерка Ерна Солберг, заменик премиерот на Израел Силван Шалом, Саманта Поњел, грузискиот премиер Иракли Гарабишвили, српски претседател Томислав Николиќ, со шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас, со Драган Човиќ претседавач на претседателство на Босна и Херцеговина, со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав  Лајчак и со премиерот на Шведска Стефан Лофен.