Груевски се сретна со потретседателот на црногорската влада

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес оствари средба со Игор Лукшиќ, потпретседател и министер за надворешни работи и евроинтеграции на Владата на Република Црна Гора.

На средбата, соопштуваат од Владата, беа поздравени одличните билатерални односи помеѓу двете земји кои се развиваат во духот на пријателството и меѓусебното почитување.

-Беше истакната заедничката заложба и посветеност за континуирано продлабочување на економската соработка и трговската размена и на стимулирање на соработка помеѓу бизнис заедниците од двете земји.Двете страни разменија мислења за реформите кои се спроведуваат во двете земји, кои се насочени кон унапредување на можностите во секоја општествена сфера и достигнување на европските стандарди.Соговорниците ја изразија определбата на двете земји за интеграција во европската и евроатлантската заедница, како основи за обезбедување на напредок на целиот регион, се вели во соопштението од владината прес служба.

gruevski-sredbaaa1-500

Бил поздравен потпишаниот договор со кој се уредува користењето на заеднички простории за сместување на дипломатските мисии на двете земји во Париз, Република Франција, а се разгледувале и можностите за ваков вид на решенија за сместување на дипломатско-конзуларните претставништва на двете земји во други држави.

Двете страни разговарале и за опциите за унапредување на соработката во областа на туризмот и за можностите за воспоставување на авионска линија Скопје-Подгорица.

На средбата стана збор и за регионалните проекти од областа на инфраструктурата кои се предмет и на берлинската иницијатива.Соговорниците ја изразија подготвеноста и ги истакнаа позитивните придобивки за двете страни од одржувањето на заедничка владина седница за која се чини веројатно дека ќе биде реализирана во текот на оваа година, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.