Груевски: Се што можеше да се појави како препрека на патот се појави, но успеавме

Колку и опозиција да се бори да ги намали ефектите од нашиот труд, од нашето залагање, од нашата борба за секое ново отворено работно место, колку и да се труди да ги одврати или избрка инвеститорите, ние вложуваме максимални напори, и во ова тешко време, носиме нови и нови инвеститори, затоа што знаеме, најголемиот проблем на младите, најголемата потреба, или ако сакате најголемиот поклон што може да го добијат, е да им се овозможи вработување и шанса за напредок, за просперитет, за реализација на нивните соништа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната 25 Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нивните соништа, се и наши соништа. Сонуваме ист сон, но и заеднички се бориме за негова реализација. Кога ја добивме довербата во 2006-тата, невработеноста беше огромни 38 осто. Следуваа тешки години, светска криза, европска криза, сега политичка криза. Многу препреки имаше на нашиот пат, но вољата беше огромна, стратегијата беше одлично поставена, се работеше до последен атом енергија, и денес, и покрај се, таа невработеност падна на историски најниски  24.5 осто. Се што можеше да ни се појави како препрека на патот се појави, но успеавме. И продолжуваме. Ни требаат уште нови работни места, ни требаат и повисоки плати и стандард, ни требаат нов напредок и ново намалување на невработеноста. Економскиот тим на владата работи силно на ова, посочи Груевски.

Тој додаде дека заедно со УМС изработиле стотици проекти за младите луѓе и за нивните потреби.

-Заедно со УМС ги исполнивме условите да се укинат визите за македонските граѓани, заедно со УМС донесовме огромен број инвеститори и се отворија над 150 илјади нови работни места во Македонија, заедно со УМС Македонија ја направивме 12 та земја во светот, а шеста во Европа, со најдобрата бизнис клима и  услови за правење бизнис, потенцираше Груевски.