Груевски се враќа од Виена

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски се враќа во Македонија од Виена, каде што беше на официјална работна партиска средба со лидерот на австриската владејачка народна партија, Вернер Амон.

Според фотографијата, тој се наоѓа во полноќниот лет од Виена за Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста закажа за утре лидерска средба со парламентарните партии за разрешување на ситуацијата која настана откако СДС и албанските партии нелегално го прогласија Талат Џафери за претседател на Парламентот.