недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Груевски: Се заокружува реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека по обновата и реконструкцијата на манастирот во Зрзе и претходно Бигорскиот манастир во Дебарско, следен кој што ќе биде обновен е манастирот Трескавец во Прилеп.

Груевски: Се заокружува реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе

Груевски: Се заокружува реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе

Поврзани вести

Денес се заокружува реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе што претставува една капитална инвестиција во областа на културата, но и за духовното наследство на Република Македонија,напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот ФБ профил.

За закружувањето на овој значаен проект, вклучително со изградбата на пристапниот пат, нагласува Груевски, беа вложени над 3 милиони евра. Се работи за исклучителен потфат на кој му претходеа обемни археолошки истражувања и реконструкција на целокупниот комплекс со кој се извршија серија на крупни зафати со кои целосно се ревитализираа монашкиот и владичкиот конак за што се вложија 92 милиони денари.

zrze-6

-Дополнително после долги децении се изгради нов пристапен пат кој е единствената врска со манастирот, долг 7.5 километри за што се вложија над 98 милиони денари. Целокупниот проект силно го застапував и потенцирав имајќи го во предвид значењето , но и духовната големина на овој манастирски комплекс. Со задоволство ја поддржав реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе кој е едно од најубавите места што сум ги посетил во Македонија, за што покрај трудољубивоста и посветеноста низ вековите на многу монаси и свештени лица, голема заслуга има и владиката Климент, како и монасите од овој живописен манастир кој го препорачувам да го посетат и видат сите граѓани, напиша Груевски.

zrze-5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека по обновата и реконструкцијата на манастирот во Зрзе и претходно Бигорскиот манастир во Дебарско, следен кој што ќе биде обновен е манастирот Трескавец во Прилеп.

zrze-4

-Можам да соопштам дека за таа цел веќе отпочнаа подготвителните процедури од страна на надлежните институции, а градежните работи ќе отпочнат на почетокот на месец април за што ќе бидат вложени речиси 2 милиони евра, така што ова духовно светилиште ќе си го поврати својот полн сјај и убавина, напиша Груевски.
zrze-2

zrze-1

Најчитани вести