Груевски: Секој глас е битен – ова се клучни моменти за твојата и иднината на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во Кисела Вода им се обрати на неопределените, на оние кои се двоумат и на оние кои сакаат да гласаат за помалите политички партии. Рече дека ова се клучни избори и дека не треба да се поништи ливчето, оти нивниот не искористен глас за 5-10 години може да биде многу лош за иднината на Македонија, нивните деца, внуци.

Појасни дека се свесни оти не секогаш може да се задоволат барањата на сите граѓани, но дека максимално работат и ќе продолжат да работат за отворање на нови работни места, подобар стандард, за унитарна, суверена Македонија.

– Невозможно е да се решат сите проблеми на секого. Но треба да ја погледне големата слика и да видиме во каква држава ќе живее за 5-10 години и со какви нови предизвици ќе се сочува и дали ќе има македонски или пасош на некоја друга држава. И како ќе се вика државата или нацијата. Секој треба да размисли кој може повеќе да помогне во оваа држава. Ја или Заев, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Кој од нас може да реши повеќе проблеми имајќи ја во обѕир историјата на нашите проблеми кој може да отвори повеќе работни места. Кој ќе ги зголемува пензиите социјалната помош субвенциите на земјоделците, кој од нас повеќе и подобро ќе одговори за безбедноста на државата и луѓето во неа. Како што беше Диво насеље или Красничи кој 5 месеци го држеше Скопје во опсада  а тие го молеа за да се смири, рече Груевски.

Порача секој еден да размисли што ќе се случи со не давањето поддршка на ВМРО-ДПМЕ и чиј збор повеќе вреди.

-Чие ветување се исполнува, колку му веруваат на зборот на Заев и колку веруваат на мојот збор и ветувања. Затоа велам ова се клучни моменти луѓето треба добро да размислат и јас  сум убеден дека убедливото мнозинство нема да направи грешка, затоа што нема исправање на таа грешка. Затоа ве молам сите вие проширете го овој глас до секој ваш пријател сосед роднина, познаник, убедете го на начин кој што е фер и демократски, кажете му што ја очекува Македонија, за сите сложно да излеземе на 11 декември, да гласаме за унитарна независна Македонија. Народот да го порази сценаристот и неговиот инструмент во Македонија, рече Груевски.