Груевски: Сериозни разговори за инвестирање со две индиски компании

Неколку индиски компании кои пројавија интерес за инвестирање се многу сериозни, посочи премиерот Никола Груевски во емисијата Јади бурек.

Една од компаниите планира да купи пропадната фабрика кај нас, да го рестартира производството и да вработат најмалку 1000 луѓе.

Тој посочи дека оваа компанија се занимава со производство на елементи за кујна и домаќинството и дека разговорите во моментов се во многу длабока фаза.

– Покриваат на Индискиот пазар, голем дел од пазарот во Европа, но не се присутни во Европа, информираше премиерот.

Покрај ова, Груевски потенцираше дека интерес за инвестиции пројавила уште една индиска компанија која во моментов е трет најголем произведувач на трактори и комбајни во светот.

-Досега не им бевме на мапа, разгледувале други земји. По презентацијата одредија тим кој што за неполни две недели ќе дојде за детали, рече тој.

Исто така, Груевски посочи дека понекогаш мошне брзо се договараат нови инвестиции, а понекогаш тоа оди многу тешко.

Како пример ја посочи израелската компанија која мошне брзо решила да отвори кол центар и веќе вработила 20 лица, планираат до 500.

– Планираат спа центар во Старо Нагоричане, планираат спа центар евентуално и во Дојран и во други работи, посочи тој.