Груевски: Штрајкот на СОНК е заради тесен интерес со раководството

Секој синдикат има право на штрајк, но чудно е што токму СОНК беше синдикатот кој во изминатите години континуирано, јавно даваше поддршка за проектите кои ги заврши Владата, а што беа поврзани со барањата на СОНК. Често пати предводниците на СОНК кажуваа дека владата исполнила многу повеќе од нивнте очекувања, дека тоа што го чекале со децении го добиле токму во мандатот на оваа Влада, дека се презадоволни од работењето на владата и однеднаш пред еден месец се случи ситуација во која тие најавија штрајкови, посочи Груевски во вестите на Сител.

Тој додаде дека ја респектира одлуката за штрајк на синдикатот на образованието, СОНК, но и оцени дека таа сега е во функција на задржување на позициите на актуелното раководство на СОНК пред изборите за нови органи во синдикатот.

-Сега и наставниците и сите оние кои се повикани на штрајк се на некој начин или треба да бидат ставени во функција на интересите на раководството на СОНК за реизбор, а за реизбор треба да покаже колку биле тврди, дека нешто издејствувале, постигнале, иако тие самите се свесни дека она што досега беше направено од оваа влада е многу повеќе од нивните очекувања, тоа јавно го говореа, и точно знаат до каде може и колку може владата да поднесе од нивните барања. Меѓутоа ним им треба сега пред членството, да покажат дека се големи борци, и мислам дека тоа е основниот мотив, посочи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.