Груевски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, а вистината е во делата (ВИДЕО)

Целото обраќање на премиерот Никола Груевски на трибината во СЦ „Борис Трајковски“.

Кога за првпат до нас допре идејата на некои општински комитети за организирање на ваков настан, помисливме како да го направиме, а да не изгледа на митинг. Знаете опасно е ако изгледа дека правиме митинг, опонентиве ќе си речат, овие тргнаа на избори. И ете проблем.  Здравствен за некого, а за друг обврска да смислува изговори како да не учествува на избори.

Еве за да им ги скратиме маките на старт, ние одбравме да направиме настан во спортскиот центар Борис Трајковски, спортски центар која се изгради со помош на оваа влада, но како што гледам по интересот за овој настан, мислам дека и партизанска и илинденска ќе ни беа прекратки за митинг. Но има време за митинзи.

Еве, за да им ги скратиме маките им кажувам, не се секирајте, нема избори, нема потреба да се плашите, барем не до толку. Нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор! Е тоа не им бега! Ова е нашиот одговор до СДС, силата на ВМРО –ДПМНЕ е во народот, кој не поддржува, во народот кој е со нас сиот овој изминат период, во народот кој ни ги познава слабостите, кој не укорува на грешките, но и кој ни ги знае предностите, народот кого го слушаме, за кого се трудиме и работиме.

Ние не сакаме преку ноќ некој да дојде (по можност да е од странство, нели) и да не донесе или остави на власт, и да ни дава разни нелегални, креирани, сценарија на тацна, без да се помачиме, без да знаеме дека сме алтернатива, дека народот е со нас. Не. Тоа кај другиве. Кај нив тоа проаѓа, кај нив се проаѓа. Тие би ја направиле таа работа како што гледаме, Што поскоро тоа подобро. Ние сакаме да ја заслужиме довербата. Колку лесна би била политиката ако така би функционирало како што тие тераат, зарем не!? Седи си дома, спој си се со агентурна мрежа, која работи за странци, и оп, си мислиш ќе дојдеш на власт. Колку лесно било така.

Не е нашиот народ наивен, воопшто не е. Овој народ поминал многу во минатото, нашиот народ е мирен, спокоен, семеен, сака сигурна иднина, сака извесност, и не дај Боже да му брцнеш во око, или да пробаш да го излажеш и изманипулираш. Тогаш не те спасува  ни странец обвинител, ниту пак нарачани од некого изјави и натписи по странски медиуми, тогаш ни Владе Милчин, ни Фрчко, а Богами ни Супермен не може да те спасат. Кога ќе зацапаш по пат како нивниот, кој што е полн со недоречености, интриги, измами, сценарија и туѓи интереси, тогаш е многу тешко да се вратиш од тој пат. Тогаш си цело време заложник на тој на кого си му ја продал душата. Нашиот народ не го поддржува тоа. Доказ за тоа се овие луѓе тука, доказ за тоа се илјадниците писма и пораки кои ги добиваме изминатиов период, доказ за тоа се на крај и истражувањата и анализите, кои очигледно некој не сака да ги објави, а кои јасно покажуваат дека ова не им проаѓа, дека ова не им успева, дека народот ги има прочитано и дека народот во нив не гледа никаква алтернатива. Народот ги слуша, но не ги одобрува, ги слуша но не ги оправдува и поддржува.

polno

Затоа што народот бара од политичарите да бидат одговорни и да им понудат излез, извесност, иднина, проекти, програма, конкретни мерки, работни места, повисок стандард, остварени ветувања, кои ќе значат подобар живот за граѓаните и повеќе можности за секој од нив

Нашиот народ бара Одговори и решенија за реалниот живот и потреби. Вие не познавате доволно добро. Креирани големи сценарија и случаи ставани во негативен контекст, како конструкција не е доволно да ја засени нашата работа и делата заради кои не бирате и ни давате доверба. Тие дела се нашиот вистински лик. Во тие дела, проекти, мерки, реформи. Во нив е вистината! Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите заради кои граѓаните гласале за нас и не бираат 9 години по ред на избори.

tribina

Во делата е вистината! Во проектите е вистината. Во осум ипол годишното деноноќно работење за да се оствари ветеното е вистината! Во реформите, во новите работни места, во изграденото, создаденото, корисното…

Кога го пуштивме соопштението од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ излегоа многу шпекулации заради еден збор во соопштението, а тоа е зборот – борба. Ние напишавме – Ќе се бориме.

И затоа што тие не се навикнати на таков жаргон, тие си добиваат на тацна сецкани, конструирани, наменети производи кои ги пласираат и мислат тоа е тајната на успехот, и така ќе добијат поддршка од граѓаните, не нападнаа дека којзнае што сме сакале да кажеме. Масакар не направија. Затоа што нели нема слобода во државава и сите се плашат, па не плукаа, конструираа каква борба, на што сме мислеле, многу сме биле насилни, сме повикувале на граѓанска војна. Тоа овие нивните, професионалните, го говореа.  Денес јас ќе им кажам што значи зборот борба, и што значи да се бориш за Македонија!  Денеска сите ние овдека ќе им објасниме како се сака сопствената држава и што се прави за неа!

polno-1

Да се бориш за Македонија значи додека цела Европа намлуваа плати, или пензии или социјна помош, ти не само да не ј намалуваш туку и да ја зголемиш онолку колку што си ветил пред да знаеш дека воопшто ќе надојдат две една подруга кризи во светот и Европа и притоа да ја задржиш земјата меѓу 5-6 најниско задолжени земји во Европа.И не само тоа, туку и кога малку од малку ќе се ублажи кризата во Евроа да имаш трет најголем раст на еконоијата во Европа, и да се доведеш во ситуациија да можеш позитивно да изненадиш со нешта кои не си ги најавил или ветил, а ги правиш, како што ние годинава, социјалната помош наместо за ветенитте 5 осто, правиме подготовки да ја зголемиме за 10 осто  почнуваајки од јуни годинава, за да им помогнеш на најранливите категории граѓани во земјата.

tribina-1

Да се бориш за Македонија значи да создадеш услови земјата да ја внесеш во топ 30 држави во светот по добри услови за правење бизнис, и со помош на тоа да привлечеш инвеститори кои како никогаш претходно ке отвараат илјадници работни места насекаде низ Македонија.
Во досегашниот период во Македонија имаат отворено свои капацитети над дестици и десетици нови фабрики а само во странските  капацитети се вработени над 11000 работници и тој број секојдневно расте.
Само во оваа година  очекуваме уште нови 25 странски компании да  донесат и објават одлука за градба на капацитети во Македонија, дел од нив и да почнат со  градба  и во истите тие капацитети кои планираат да ги отворат да се креираат нови над 13000 работни места.
Така ние се бориме за Македонија!
Во периодот од 2006 година до сега стапката на невработеност која ја затекнавме во висина од околу 38% е намалена на 27,6%.
Во истиот период се отворени над 138 000 работни места, во странските и домашните капацитети, во приватниот и јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување. Во едно многу тешко време на глоблни и европски економски кризи. Значи се очекува во веке најавените а сеуште неотворени странски инвестиции да бидат отворени нови над 13.000 директни  работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување за 2015 година се предвидува поддршка на отворање на 8.500 работни места.

tribina-2

Со три компании од оние кои неодамна јавно најавија инвестиција,  во април ке го потпишеме договоот по кој набрзо ке ја почнат а некои од нив завршат градбата, една германска и две италијански,
– Техникал текстаил во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни кога и ќе се отвори фабриката,
-Монтанте  во Скопје за производство на амортизери која ке вработи 400 луѓе и ќе почне со 100, и
-Диатек во Скопје со 200 вработувања за почеток, печатарска индустрија.

За два месеци од сега ке почнат градба на фабрики и веке најавените
– Ки сеифти системс во Кичево,за 1000 луге, во моментот веке вработија 50,  –Гентерм во Прилеп каде ке се вработат 2000 луѓе,
-ОДВ електрик во Охрид Струга со 1000 луге,
– а во тој период ке се потпише и договорот со Костал во истиот регион исто така со 1000 луге.
-пред неколку дена заменик директорот на агенцијата за привлекување инвестиции ја направи првата посета на белгиската компанија ……… која почна со работа во Скопје и ке вработи 200 луѓе.
-Следниот месец ќе се отвори и фабриката на Маккард во Велес  чија градба е во финиш и која ке вработи 600 луге а сопственикот веќе купи уште еден плац до неа.
Ова се 10 тина компании кои само во овој период веќе објавија инвестиција и како што кажав со дел од нив сега го потпишуваме дговорот, дел почнуваат градба на фабриката а некои се при крај и ке ја отвараат за два месеци.

tribina-3

Покрај оние кои веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Мкедонија.

Сакам да ве информирам со големо задоволство и да објавам официјално дека Една таква е една американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра инвестиција која планира да се стационира во Тетово и да вработи, внимавајте…., 2500 луге од тој регион.

Или една друга која веке неформално ни потврди инвестиција во Василево,  за  производство на матерјали кои се користат во рударство и градежништво.

Во Велес, ке следи уште една инвестиција со 1000 вработувања на која долго работевме а за која веке една домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешната Порцеланка.

Да објавам уште една нова инвестиција која де извести дека донеле веке одлука за инвестирање во Прилеп, германска компанија, во делот на автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжињери и менаџери кои ке ги пушти на тренинг во Германија.

И ајде и уште една за денеска петта нова инвестиција ке најавам која е сигурна бидејки компанијата иако сеуште официјално не објавила, веќе има регистриано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани.
Се работи за германска компанија, потврдија градба на фабрика во зоната во Скопје за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања.
Само овие 5 ново најавни фабрики денес значат нови 4400 директни вработувања, плус многу индиректни.
И тоа не е се….

tribina-4

Ете почитувани граѓани на какви бомби ние го трошиме нашето време. Тоа сме ние, тоа е ВМРО ДПМНЕ и коалицијта за подобра Македонија.
Па сега народот нека прави разлика меѓу нив и нас, и нека одлучи дли нас ќе не цени по делата, или креираните матерјали добиени од странски служби на Зоран Заев.

И уште една важна работа.
И кога сме кај вработувањата денеска сакам да објавам една добра вест, и кај младите да кажам дека иако не дадовме ветување пред изборите сепак деновиве работиме планирање на еден проект со кој сакаме на сите студенти, на сите држвни и приватни универзитети кои за прв пат запишале трета или четврта година, а чии семејства немаат поголем месечен приход од просечна нето плата во Македонија, која во моментот изнесува околу 21.500 денари, да им овозможиме бесплатно да дојдат до таблет со тастатура, се со цел да им помогнеме да се здобијат со поквалитетно образование, со повеке можности, шанси, и еднаквост со оние чии родители имаат поголема заработка.
Така ние се бориме за Македонија, тоа е нашата борба, ова ние го мислиме кога говориме за борба.

polno-2

Треба ли да потсетам дека Пензиите во просек се зголемени за 62%, а најниските пензии се зголемени за 76%. Следно покачување е во октомври согласно ветеното.
Покрај ова за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година уште 5000 ќе одат.
Социјалната парична помош е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.

tribina-5

Веќе кажав дека следното покачување е во јуни, но денеска сакам да објавам дека тоа нема да биде за 5 осто како што ветивме туку, дупло од тоа, за 10 осто.
Над 9000 деца од социјално ранливи семејства отидоа на бесплатен одмор.
Платите во јавниот сектор се покачени за 27% и пак ќе растат.
Обезбедени се над 300 нови автобуси за градскиот превоз
Обезбедени се 80 нови возила за итна медицинска помош
Над 600 милиони евра се дадени како субвенции за македонскиот земјоделец
Обезбедени се 107 нови товарни вагони за железницата а ќе пристигнат уште 43, а во производство се веќе композициите на паатнички ваагони со кои за две третини ке се замени возниот парк за патници во Маакедоонија, со нови и наајсовремени оваа година.
Обезбедена е најсовремена медицинска опрема и апарати во вредност од над 100 милиони евра
Над 140 милиони евра се инвестирани или се во тек на инвестиција за изградба и реконструкција и реновирање на јавните здравствени установи.
Намалени се цените на лековите на над 3000 лекови некаде и до 80 проценти.
Со специјален закон овозможивме  вработување кое е во тек на над 3000 лица кои беа волонтери.
Во тек е изградба на 3 автопати во должина од над 120 километри, за кои се инвестираат околу 1 милијарда евра
Обезбеден е компјутер за секое дете во основните и средните училишта, а почнувајки од оваа и наредните две години ке извршиме комплетна замена на истите со нови, посовремени кои најверојатно ќе се таблети со тастатури.
Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16% на над 70%. Додека беа тие на власт да добиеш мрежа за интернет беше равно како да добиеш бинго. J
Цената на телефонскиот импулс е намалена за над 70%
Партиципацијата за студирање на државните универзитети е намалена од 1000 на 200 и 400 евра.
Воведена е минимална плата и неколку пати е зголемена со ново веќе најавено зголемување следната година.
Решен е статусот на професионалните војници.
Од 2006 до сега изградени се 45 основни и 5 средни школи.
Реконструирани се 230 основни и 80 средни школи.
Изградени се 44 училишни спортски сали и 35 спортски сали.
Изградена е Националната арена Филип 2 Македонски и спортско рекреативниот центар Борис Трајковски.
Изграден е нов аеродром во Скопје Александар Велики и целосно е реконструиран и модернизиран охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Воведени се над 15 нови авионски дестинации со евтини летови
од Скопје до европските метрополи
Обезбедена е визна либерализација.
Македонија 6 пати по ред добива позитивен извештај од ЕК и препорака за почеток на преговори со ЕУ.
Добиена е позитивна судска пресуда од меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО, и тоа беше потврдено на самитите и во Букурешт, и во Чикаго и во Кардиф.
Во најтешко време на криза во Европа, кога каматите драстично пораснаа, 350 милиони евра се дадени како евтини кредити за македонските компании на кои им се субвенционира каматата во висина од 5,5%. Во тек е и четвртата транша во вредност од нови 100 милиони евра.
Обезбеден е откуп на дворови по 1 евро за метар квадратен. Обезбедена е легализација на дивоградбите и земјиштето под нив по едно евро за метар квадратен.
Девизните резерви се над 2 милијарди евра.

tribina-6

Тоа значи да се бориш за Македонија!

Во услови кога сме под сериозен напад со цел политичка и системска дестабилизација, ние мислиме и работиме на реалните потреби на граѓаните. Ете што ние работиме додека СДСМ го забавуваа народот со креирани телефонски разговори добиени од странски разузнавачки служби, обидувајки се со сите сили да не прикажат како нечовечни, како злобни, како криминалци, и како некакво зло.
Ама зло…., зло што гради и создава, зло што отвара илјадници нови работни места, зло што работи по 15 саати на ден да помогне секому кому може. Зло што на секој млад човек кој ке се запише на некој од првите 100 односно 200 во техничките науки универзитети во светот му ги покрива сите трошоци за студирање и престој. Некое чудно зло, е ова нашето… Како не дојде едно вакво зло уште порано во деведесетите кога се затвораа и уништуваа фабрики и кога 200 илјади луѓе останаа без работа, кога се пљачкаа штедачите, кога цветаше шверцот во сите негови форми, кога се промени знаето и името на државата, кога цели 7 години државата работеше без закон за јавни набавки, и наместо тоа за милионски набавки се бараше да се обезбедат само, замислете три понуди од кого сакаш….

tribina-7

Имаме зло на кое можеш креирани телефонски разговори, вадени од контекст, сечени и што уште не, можеш да му ги пушташ истовремено на три национални телевизии во пренос од универзалнаа сала во живо, и при тоа да тврдиш дека злото не дава слобода на медиуми.
………………….
Ние имаме дела зад нас, проекти, мерки, труд и макотрпна работа, и ние постојано мислиме како да направиме нешто повеќе и подобро за нашите граѓани.
Денес сакам да потврдам дека покрај тоа што во моментот во Македонија се изградија аеродромите, се градаат железницата кон Бугарија, од вчера и гасоводот од Куманово кон Штип, се градат три автопати, едниот меѓу Демир Капија и Гевгелија, вториот од Скопје кон Штип, третиот од Охрид кон Кичево, во април ке излезе јавен повик за концесионер за нов автопат, помеѓу Кичево и Гостивар, а со оглед на тоа дека веќе една компанија не извести дека ќе се јави на повикот под условите кои ги најавивме, тоа ќе значи и дека околу нова година ќе почне градбата и на шесттиот автопат кој паралелно ке се гради со другите три. Од август/ септември пак, ќе започне градбата на нов експресен пат со 4 ленти меѓу Штип и Кочани и проширување во ист таков експрессен пат помеѓу Градско и Прилеп, а од некаде нова година и Охрид /Пештани. Следната година ќе почне градбата на експресниот пат со 4 ленти од Ранковце до Крива планка и бугарска граница, и процедурата за градба на 4 ленти експресен пат од Штип до Радовиш.

Ете така ние се бориме за Македонија! Ете тоа значи да се бориш за сопствената држава и сопствениот народ! Со вистински дела, со реални проекти кои се одговор на реалните потреби на народот, а не со сценарија подготвени заради туѓи агенди.

tribina-8

Дозволете ми да истакнам неколку политички поенти кои ги одразуваат нашите позиции по однос на ова што ни се случува.

1. Веќе на сите им е јасно што се случува и кој е таргетот на оваа канонада. Лицето ЗЗ е директно инволвиран во активности кои имаат за цел дестабилизација на државата. Одработува агенда, која не ја ни разбира. Го гледате ли каков израз има на лицето, човекот е во грч, со лажна насмевка, се сили, се удира во гради, се обидува себе си да се убеди дека е апсолутен морален суд, Бог кој ќе каже што е добро што е лошо, што ќе се објави во јавност, што не, чија судбина ќе се загорчи, кого ќе стави на тапет, а кого не. И нормално на крај тој пресудува јавно, што е по закон а што не е. Се само заради една работа. Тоа е токму работата заради која е таргетиран од тие што се инспиратори на сето ова, од тие што го смислиле ова. Неговата алчност за власт, пари и моќ, и неговиот очај да покаже пред неговите членови одговор зошто народот не го бира, немајќи капацитет во себе да ја види грешката, да направи понуда, програма, да одбере добар кадар со кој ќе биде конкурентен на избори, па народот да го одбере. Во цел овој налет во кој се наоѓа и во оваа негова специфична психолошка состојба во која е, тој се чини и како самиот да заборава кој е всушност. Тој е човек кој брутално ја злоупотребува својата положба во општината за да стекне пари и богатство. Човек кој самиот тврди дека во наше време заработил тој и неговата фамилија 12 милиони евра.

Е како бе тоа? Па нели нема слобода и демократија. Замислете да имаше слобода, Рокфелер немаше да му биде рамен нели.:)па пробува да направи да заборавиме која е Шекеринска, и кои се другите нивни соработници, кои беа на разни функции во едно многу мрачно време за македонската држава. Сакаат народот да заборави. Мислат ако не спомнуваат и ако се прават демек се некои нови лица, тогаш може и некој ќе им поверува. Не. Тоа се Заев и Шекеринска. Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Со име и презиме. И со се друго зад нив.

tribina-9

Денес го гледам уплашен до даска од денешниот наш собир побрзал порано да одржи прес конференција. Тоа говори за него. За неговиот страв дека е фатен жив во многу работи, дека има непобитни докази за тоа кој е зоран заев и што тој прави. Но и страв дека веќе опаѓа вниманието од неговите теми. Дека времето го гази. Во тој страв ние не можеме да му помогнеме.
2. Тој вика дека сега се бори за слобода и демократија нели. Во оваа држава вика дека немало слобода и демократија.
Па во која земја на светот има ваков пример. Човек како лицето ЗЗ, со сиот свој багаж да си излегува редовно на прес конференции, и да плука што сака и кон кого сака со нелегално стекнати креирани материјали. Каде не светот го има ова?
Еве ако имате некој пријател надвор прашајте го што би било ако кај нив некој политичар вака постапува како заев. Да си игра со судбини, хазардерски да постапува со луѓе и нивни семејства, притоа селектирајќи, сечејќи, вадејќи од контекст, манипулирајќи.
Сето тоа под превезот дека има диктатура овде и деградирајќи ја притоа државата,без око да му трепне.
Прочитајте ги и слушнете ги нападите, навредите, местенките на нивните медиуми, кои директно ги финансираат.
Замислете се жали дека нема слобода на медиуми, а во 5 дена три пати настапува на национални телевизии. Ај што си настапува човекот, но суштината зошто повеќе пати излегуваше на телевизија е сосема друга. За да се поправа себе си, лути му биле тие што го спремаат, нели од надвор овие, за да дошол на власт. Од интервју на интервју се повеќе се дозакопува, се поочигледни стануваат неговите лаги.
Се жали на слобода, а паралелно на тоа се води хајка против нас во нивните медиуми. Овие слободните и професионалните што примаат пари од разни фондови и фондации, ги знаете сите.
Се сеќавам на времињата кога бевме во опозиција и кога се случуваше ниту еден медиум, ниту еден да не ни дојде на прес конференција. Тогашниот директор на центарот за комуникации Оливер Шамбевски во тоа време ќе ми се јавеше и ќе ми кажеше, претседателе денес никој не дојде, пресот не се одржа, или некогаш ќе дојдеше само еден медиум на прес. И пак победивме во 2006та. Значи не е до медиумите. До друго е. До работата е, до зборот, до довербата, до извесноста, до посветеноста во тоа што го работите. Џабе и медиуми и се, ако не работите ништо. Народот знае тоа да го препознае. Па најголемиот демант на тоа што го говорат дека нема слобода е токму гласноста на темата која ја форсираат и гнасните кампањи кои ги водат. Замислете точно 22 медиуми говорат дека нема слобода. Па нели самото тоа е чудна ситуација.

3. Меѓуетнички односи, откако гледа дека не успева со овие теми досега, ќе пробаат и тоа. Мора да сме мирни и да не потпаѓаме на провокации. Тоа е крајна цел. Тие нема да добијат македонско – македонски конфликт, па ќе пробаат нешто друго. Но нема да дозволиме.

tribina-10

4. Мора на сите да им биде јасно. Лажна е претставата дека ова е битка за живот или смрт. Така сакаат нашите опоненти да изгледа. Не. Се е сосема едноставно. Се зависи од од сите нас, секој еден граѓанин и од еден миг на одлука во нашите срца. Таа одлука ќе ја запре оваа психоза која сакаат да ја рашират меѓу народот. Ќе ја запре лажната неизвесност која сакаат да ја креираат. Тоа е одлуката да се вратиме на реалните потреби и проблеми во државата, да бараме решенија како нашите граѓани да имаат подобар и поквалитетен живот. Колку ќе трае ова зависи од еден момент, една секунда, кога ќе одлучиме дека нема да му дозволиме преку нашето внимание, овој човек марионета да ги контролира судбините на сите во државата и да ја држи во заложништво цела држава.

5. Порака до членството на сдсм и до сите оние кај кои има некаква неизвесност. Ги разбирам, и ги слушам и прифаќам нивните критики.
Нема да дозволам да не закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Инспираторите тоа го сакат. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Во името на се она во што верува, во името на идеалите на историското ВМРО кое е на сите наши граѓани патриоти. Нема да дозволиме да не закрват и испровоцираат.

6. Една од целите на тие што го измислија ова е и да се замрзнат вработувањата, да се замрзнат инвестициите, да се замрзнат сите проекти. Е тоа нема да пројде. Тоа нема да го дозволиме. Да не вратат назад. Тоа не може!

Сакам да ја искористам оваа прилика и да одговорам на Зоран Заев и на условите упатени до нас од настанот во универзалната сала.

1. Заев бара Нов обвинител. За нас важно е обвинителот да се однесува по словото на законот. Јас сум убеден дека сегашниот обвинител тоа го прави. Инаку, такви докази има против лицето ЗЗ, што и Вице, брат му да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите. Од друга страна, ние сме подготвени за сите работи за кои постојат сомневања, а се однесуваат на наши членови или раководни лица, да бидеме максимално кооперативни и да го почитуваме законот.
Времето ќе искристализира многу работи, ќе падне маглата посејана од лажните обвинувања, од драматуршките воведи на прес-конференциите и настаните на опозицијата кои даваат контекст на случувањата, ќе паднат пердувите и ќе се види целата вистина. Ние тоа го сакаме. Времето е одговор на се. Во тоа сум убеден.

tribina-11

2. Смена на директорот на МТВ. Замислете главна фигура во државата стана директорот на МТВ и сега тоа е проблем зошто нема демократија во државата. Си викам Бранко порано барем поубедливи услови и барања поставуваше, некако попаметно сето тоа изгледаше. Туку ај да не го спомнуваме, ќе треба сдс потоа да му се извинува повторно, па Жерновски да објаснува како без него немало да победи. Ги гледавте завчера нели. Многу непријатно. Просто срам да те фати вака од што гледаш. Им се испуштило, не го исекле како што треба, па толку се уплашени од Бранко што дури и признаа дека ги сечат материјалите што ги пласираат во јавност, што е сериозен скандал сам по себе. Ама стравот им бил поголем. Си рекле остај подобро дополнително да се избрукаме и да признаеме дека сечеме и монтираме, отколку БЦ да се поднаљути. А тој кога ќе се поднаљути, опасен е, па може да почне да потсетува за секој од нивното сегашно раководство, да почне да вади материјали, да потсети дека Верушевски прво за него работеше. Значи многу незгоден. И овие си се повлекоа, си поплукаа по себе и веднаш престројување во битката против диктатурата.

3. И на крај побара Преодна влада.
Е во врска со ова сакам да порачам дека барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо. Но, без ВМРО-ДПМНЕ во нејзе. Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легитимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада а кој не. Со формирање на преодна влада се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите.
Одат и понатаму, посебно Заев, кој вели дека требало потоа да се решаваат големи прашања и да се оди напред.

tribina-13

Аха. Значи тоа е поентата. Па така бе Заев. Кажи си директно, а не да ни заобиколуваш. Па и самиот знаеш дека тоа е поентата на се ова што се случува, големите прашања, а не ти. Ти можеш само да шпекулираш, креираш, дополнително да сечеш материјали, да ги рушиш позициите на државата свесно, обидувајќи се да ја искривиш реалноста.
Е кога сме кај големите прашања, ние имаме јасен и дециден став и не ни треба преодна влада за да ни држи страв или за да креира решенија кои ќе треба на сила да се истуркаат.

Нашиот став е објавен во нашата програма и ако сакате ќе ви го прочитам и сега

-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура.

-ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција да биде прифатено од страна на политичари поединци, влада или собрание без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можно решение.

4. Најважно за нашиот народ е прашањето Како сето ова ќе заврши. Ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија. Правна постапка за секој за кој има сомневања и докази дека го прекршил законот, и за кој институциите на системот за кои ме радува што побараа и меѓународен мониторинг, а тоа и ние го поддржуваме, ќе ценат за што какви докази постојат и совесно и самостојно ќе одлучуваат. Инаку како и што досега истакнував ние сме подготвени за дијалог на принципиелни основи согласно досега јавно изнесените позиции. Ние сакаме и немаме никакви резерви да дискутираме за прашањата кои опозицијата ги отвора, за прашања кои се од интерес на граѓаните, изборите, медиумите и слично, но условувања и уцени тоа никогаш нема да прифатиме, посебно затоа што знаеме што стои зад тоа, и што се крие зад тоа.

7. Сакам да ви го кажам за крај следново.
Многумина од вас си го поставуваат прашањето Дали е праведно ова што и се случува на нашата земја. Одговорот е – Не е. Но што ни преостанува? Да молчиме и да тонеме во агонија на онеправденост или да се бориме.
Да се бориме како што знаеме и умееме, со конкретни дела и со конкретни чекори, кои ќе значат подобар живот на граѓаните, подобри услови, повеќе можности. Македонија го очекува тоа од нас. Сите граѓани го очекуваат тоа од нас. Да одиме од дом во дом, од куќа во куќа, од семејство до семејство, да разговараме, да им кажуваме дека зависи од сите нас. Да им ја кажуваме борбата која ја водиме, целта за која се бориме, да говориме за нашите конкретни проекти, конкретни дела, за нашата цел – повеќе работни места, добра инфраструктура, подобро образование, подобро здравство, повеќе пари за земјоделците, пензионерите, администрацијата, повеќе можности за невработените, поквалитетни услови за студентите. Да говориме со енергија, со жар, со истиот оној жар со кој нашите предци ги водела идејата и ја пренесувале од човек на човек.
Тоа е моментот во срцето што ќе не инспирира сите, и што ќе ја движи Македонија. Тоа за некои е патриотизам, за некои е волја, желба, љубов, за некои должност и обврска. Како сакате наречете го. Тоа е во сите нас. Тоа тлее во сите граѓани на Маекдонија и затоа знам дека нема да успеат, затоа знам дека Македонија ќе биде посилна после сето ова, затоа знам дека тој што го наумил сето ова јако се излажал, јако не потценил сите нас, тој што го наумил сето ова не ја зел предвид љубовта на нашиот народ кон сопствената држава и иднина. Затоа ќе победиме! Сите граѓани ќе победат.
Ве повикувам сите – Станете македонци, албанци, турци, срби, роми, власи, бошњаци, и сите останати. Станете на нозе, не чека поход, од град во град, не чека многу работа, многу нови проекти, многу нови моменти за гордост. Кренете глава и да покажеме сите дека Македонија е многу повеќе од она што сакаат да ја направат!
Дека Македонија е многу поголема од ситните интереси на одредени лица и структури.
Дека Македонија е многу посилна од разни сценарија и туѓи агенди!
Дека ние, македонците, сме храбри и честити луѓе!
Дека нема да ја скршат Македонија, не во нашето време, не додека дише и последниот од нас и дека ќе работиме силно за иднините генерации да ја чувствуваат оваа наша енергија и сила и да ги води и нив, како што ние ја чувствуваме силата на нашите предци.

tribina-14

Ова е Македонија и ние не се плашиме!
Ова е Македонија и ние се бориме за неа со нашите дела!
Луѓето ги гледаат нашите дела!

Ја препознаваат нашата борба!

Тоа е нашето вистинско лице!

Нашите дела се нашата борба за Македонија!

Тоа е мојот збор до сите вас! Тоа е мојот збор од Никола Груевски кого сите добро го познавате!

Да живее Македонија! Да сте здрави и живи! Да биде вековита идејата!