четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 18

Груевски: Силно и решително ќе се спротивставиме на сите кои го заплашуваат народот

gruevski-forum

Последни вести

Првото правило кое мора да се почитува во оваа смисла е почитувањето на народот. Народот не постои заради политичарите, туку ние постоиме заради народот, затоа што народот така одбрал и така решил. Затоа секаков облик за заплашување на народот, како што го прават нашите политички конкуренти, заплашувањето на сите негови целни групи, пензионерите, социјално ранливите, земјоделците, банкарите, бизнисмените, адвокатите, судиите, обвинителите, новинарите, е неприфатливо, и политичката гарнитура која јас ја предводам секогаш и секаде силно и решително ќе се спротивстави на овие недозволиви однесувања кои ги прават некои поединци и групи, истакна во својот говор на Академијата по повод Свети Климент, премиерот Никола Груевски.

Не сакам на овој празник да се конфронтирам, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам. И нема да помине!, додаде тој.

Најчитани вести