Груевски: Сите докази покажаа дека не сум виновен

По изведувањето на доказите на обвинителството и на одбраната произлегува дека се докажа дека не сум го сторил делото за кое сум обвинет, истакна денеска поранешниот премиер, Никола Груевски.

„Практично сите докази и од нивна и од наша страна докажаа дека не сум виновен. Ценам дека не сум должен да ја изнесувам мојата одбрана, ценам дека за тоа нема потреба. Ги замолив моите адвокати да го формулираат овој мој став и да го поднесат до судот“, рече Груевски.

Наместо законска и формално-правна одлука за изземање на обвинители, одбраната во „Тенк“ доби известување од СЈО

Адвокатите на обвинетите во Тенк не се сложуваат со решението со кое СЈО го одби нивното барање за изземање на обвинителите. Според нив ова е уште еден преседан во постапувањата на обвинителството. Одбраната бара од судот, како што е предвидено според КЗП, да постапува според закон за изземање на обвинители и истото да го побара од Катица Јанева.

„Бараме да постои формална одлука од СЈО, а не известување. Сметаме дека судот треба да го прифати овој предлог на одбраната и да бара соодветна одлука од СЈО“, рече адвокатот Боро Тасевски.

Судијата Кацарска и ова барањето на одбраната го одби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.