Македонија,Политика

Груевски: Сите студенти во четврток ќе имаат бесплатен превоз со Железница и ЈСП

Груевски: Сите студенти во четврток ќе имаат бесплатен превоз со Железница и ЈСП

„За сите студенти, секој четврток во месецот ќе се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, железницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија,“ истакна Груевски.

Освен тоа, рече тој, четврток ќе биде и денот кога студентите бесплатно ќе може да ги посетат театрите, музеите и кината во Скопје и во државата.

„Учениците и студентите во Република Македонија ќе имаат можност со 50 % попуст на билетот да ги користат услугите во патничкиот превоз на Македонски железници. Ќе воведеме бесплатен викенд, петок, сабота и недела, еднаш во месецот, за превоз на младите лива во железничкиот сообраќај во Република Македонија.Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет на определен викенд во месецот,“ додаде тој.