Груевски: Обвинителката призна дека „бомбите“ може да се монитираат

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“, екс премиерот Никола Груевски обвини дека СЈО признало дека прислушуваните разговори,  кои тие ги користат како доказ во сите предмети можеле да се менуваат или монтираат.

По завршувањето на рочиштето, Груевски истакна дека бил фрапиран од ваквото признание на обвинителката, што според него докажува дека веќе е можно овие материјали и веќе да биле монтирани.

„Имаше еден фрапантен момент, односно самата обвинителка кажа дека постои можност снимките да се менуваат, односно во нив да се уфрлаат делови. Тие не можат да бидат доказ, ова убаво го знаат и апелациските судови, но под притисок на власта донесоа одлука истите да се користат како докази. Познато е дека СЈО овие снимки ги доби од Зоран Заев, па затоа многу е веројатно истите и претходно да биле монтирани. Сето ова е еден политички прогон – заклучи Груевски.