сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Груевски: СЈО во немоќ да му помогнат на СДСМ го загуби компасот на своето делување, и целосно ја загуби довербата

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

katica-janeva-sjo

Поврзани вести

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

Тој претходно вели дека нивниот пристап не е да истражат како било, дали тоа што го тврдеше СДСМ е точно или не, и евентуално во законска постапка да приберат докази доколку е точно, туку по секоја цена да се одбрани и докаже дека СДСМ бил 100 отсто во право.

Таков е пристапот. Заев објави, а ние сега сме тука да го докажеме тоа, независно дали е точно или не неговото тврдење и обвинување. По секоја цена, и со сите дозволени и недозволени методи, со притисоци и закани како кон сведоците и институциите така и кон судот и судиите, и со континуирано барање помош за притисок во ист правец од претставниците на меѓународната заедница, вели Груевски.

На прашањето за какви недозволени методи мисли, Груевски вели:

Само накусо, во 21 век да повикаш некој во својство на сведок и да му кажеш дека ако не го потврди она што си го наумил да го докажеш како вистина, иако е невистина, и притоа да му кажеш дека ако не постапи според очекувањата ќе добие затвор од 10 или повеќе години, и кога ќе излезе нема да си ги препознае децата, не е ништо друго освен груба злоупотреба на функцијата, злоупотреба на институцијата и на функцијата, и не случајно дел од сведоците поднесоа кривични пријави кон некои луѓе од СЈО.

Од авион се гледа дека овие луѓе, кои ја окупираа оваа институција, се длабоко партиски мотивирани да му помогнат на СДСМ, а да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Во отсуство на докази против луѓето што им се цели, што им се цел на уништување и политичка елиминација, се обидуваат да изнудат лажни изјави на сведоци, се обидуваат со заплашувања и закани да обезбедат заштитни сведоци, луѓе кои најпрвин ќе ги преплашат, па ќе им понудат соработка, а за возврат нема да ги гонат.

Овие информации ги кажувам од многу сведоштва на многу луѓе што ги повикале на разговор. На некои од нив отворено им кажуваат дека целта им е некој политичар, и дека ако не прифатат да сведочат против него, а тоа значи лажно во случаите кога нема дело, ќе создадат ситуација со тоа што ќе ги набедат и обвинат самите нив.

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО, вели Груевски.

Најчитани вести