сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 44

Груевски: СЈО и Заев прават политичка хајка која нема да им успее

Изборите што ќе се одржат, кога и да се одржат, ќе бидат најјасниот одговор за ова политичко раководство на СДСМ. Она што го прави СЈО практично е нешто од кое што ќе се срамат во иднина, посочи Груевски.

Груевски: СЈО и Заев прават политичка хајка која нема да им успее

Груевски: СЈО и Заев прават политичка хајка која нема да им успее

Последни вести

Специјалното јавно обвинителство и Зоран Заев прават политичка хајка која нема да им успее, изјави денеска пред Кривичниот суд лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски по денешниот распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Веројатно тоа е негова желба да заминам од земјата и да не се појавувам, но тоа ниту ќе го сторам, ниту е вистина, ниту пак ќе му ја исполнам таа желба. Живееме во еден период во којшто човекот којшто изјави дека не ги почитува судовите односно дека не ги признава судовите во Македонија. Свесен е за својот политички рејтинг, свесен е за големата неподдршка што ја има од страна на граѓаните, свесен е дека изборите наближуваат и дека нема да може уште долго да ги одолговлекува и преку контролата што ја има врз луѓето во СЈО се обидува да ги изрелативизира работите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во Судот мене и моите соработници да не прикаже исти или слични како него. Тоа се обиде да го направи и во текот на минатата година преку неговите прес-конференции на кои се објавуваа фабрикуваните материјали и не успеа. Потоа се обиде со тоа што издејствува 100 дена пред изборите да има друг премиер за спроведување избори, верувајќи дека на тој начин ќе дојде на власт, дека на тој начин ќе го промени мислењето на граѓаните и сега се обидува на трет начин. На начин на којшто постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини во Судот и ќе треба да давам вакви изјави, да се правдам иако немам никаква вина за народот да ја промени перцепцијата и да почне да мисли дека можеби јас и моите соработници сме слични на човекот којшто даваше изјави  дека не го признава судот во Република Македонија. Тоа нема да му помогне. Тој тоа ќе го види на денот на изборите, вечерта на изборите, мислам дека ќе го осети и претходно и ќе осети дека оди во погрешна насока затоа што работите на изборите не одат на тој начин. Изборите се добиваат со една посветеност, со една одговорност, со чесно работење, а не со апсурдни чекори, со манипулации, со лаги, со невистини, со шпекулации или со слични работи со којшто нашиот и мојот политички опонент се занимава во сиот изминат период, изјави Груевски.

Додаде дека може да се очекува во следниот период, како што наведе, за разни апсурдни причини, него и неговите соработници да ги повикуваат во судот.

– Вас ќе ве известуваат да пристигнете тука, да земете изјава, вечер да приготвите прилози и да правите дебатни емисии итн. се со цел граѓаните да добијат некаква импресија дека можеби нашите опоненти и мојот опонент во опозицијата, за кој е добро познато колку е криминоген по сите негови дејствија во минатото, тргнувајќи од разни чекори кои ги правеше и во случајот Глобал и со тендерите за своите роднини, пријатели и партиски активисти и подоцна со случајот Поткуп итн. Ќе се обидува да не прикаже и нас  преку вакви апсурдни канења на суд дека ние сме слични на него меѓутоа и тоа нема да му успее. Граѓаните и народот ме познаваат повеќе од десет години, ги познаваат и моите соработници и што е најдобро и најважно многу добро го познаваат и него, истакна Груевски.

Според него, на изборите се ќе стане јасно и се ќе биде расчистено.

– Изборите што ќе се одржат, кога и да се одржат, ќе бидат најјасниот одговор за ова политичко раководство на СДСМ. Она што го прави СЈО практично е нешто од кое што ќе се срамат во иднина. Меѓутоа тоа е времето во коешто живееме. Живееме во време во коешто имам политички опонент кој има сериозна ниска поддршка од граѓаните и се темели меѓу другото и на неговата криминогеност и се обидува на ваков начин преку апсурдни барања од типот дека ќе сум ја напуштил земјата или слично, дека немало да се појавувам, се обидува да ги релативизира неговите со право повикувања на суд и да прикаже слика во јавноста дека сме слични или исти, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Кривичниот суд претходно денеска соопшти дека СЈО вчера доставило пет предлози за определување мерки за обезбедување присуство. Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по нив, а лицата се повикани во судот.

Во судот попладнево дојде и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој исто така е осомничен во случајот „ТНТ“.

Најчитани вести