Груевски: Склучени се договори за градба на два студентски дома, а за третиот избран е идеен проект

Што се однесува до новите студентски домови, можам да ви кажам дека за два веќе е избран градител, изведувач кој што ќе ги гради и потпишан договор за градба. Тоа е за студентскиот дом „Медицинар“ и за студентскиот дом во Тетово кој ќе биде во склоп на тетовскиот универзитет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

За овие два студентски домоа, како што посочи Груевски, направен е идеен основен проект, отворен е тендер за градба, кој во меѓувреме е завршени и избран е градежникот и потпишан е договор, и тој во наредните неколку недели треба да ја почне градбата на овие два студентски дома.

„Што се однесува до третиот, тоа е студентскиот дом во населбата Карпош, студентскиот дом ’Тодор Александров’, за него вчера, колку што сум информиран, извршен е избор на идејно решение, следува потоа потпишување на договор за изработка на идејно решение, веројатно и на основен проект и потоа ќе се пристапи кон тендерирање за градба“, рече Груевски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека СДСМ и новото мнозинство нема да ги прекинат овие проекти, затоа што, како што нагласи, се работи за капитални проекти за младите луѓе, кои ги тангираат младите луѓе, оваа генерација, но и наредните генерации што доаѓаат, тие што се сега средно училиште или основно уилиште или, пак, оние коишто во наредните години ќе имаат потреба од студентски домови.

„Значи, од вкупно три, за два се завршија компетно сите процедури и се потпиша договорот за градба, додека за третиот во тек е процедурата на склучување договор за изработка на иден проект“, прецизираше Груевски.

Покрај ова, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ е завршено реновирањето на првиот и вториот блок, се реновираат следните два блока, беше набавен нов мебел за сите студентски домови во земјата. Набавени се, исто така, и машини за перење и сушење на алишта, коишто студентите ги користат бесплатно.

„Од наша страна она што се ветуваше се постигна со максимално голема брзина, некои работи целосно се завршија, некои се на половина, некои се во некоја подлабока фаза. Неспорно е дека доколку ние ја направевме владата ќе ги завршевме, останува сега на волјата и на свеста на наредната влада да ги продолжи и заврши овие проекти“, рече Груевски.