Македонија

Груевски: Нема скршнување и од нашите ветувања дадени пред народот

Груевски: Нема скршнување и од нашите ветувања дадени пред народот
Груевски на отворање на Археолошка изложба 2015

Премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање по повод Илинден порача дека Владата ќе продолжи со исполнување на дадените ветувања, ќе продолжи да ги надминува предизвиците и со макотрпна работа ќе се спроведуваат низа проекти.

Ние имаме дадено ветувања пред Вас. Нема скршнување и од нашите ветувања дадени пред народот. Тоа е, и тоа мора да остане фокусот. Се друго е споредно. По некоја грешка имало и ќе има. Но, покажавме дека имаме доблест да признаеме грешка и да ја корегираме. Да го следиме пулсот на нашиот народ. Денес ние ја имаме одговорноста да работиме за нашиот народ и ние таа одговорност ќе ја оправдаме. Економскиот раст, зајакнување на стандардот на граѓаните, изградбата на нови капитални дела, реформите во секоја област за унапредување на секој стандард, интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО се следниот Илинден кој го сонуваме, за кој работиме, кој го очекуваме и кој ќе го оствариме. Затоа што ние знаеме дека тоа го заслужуваме и дека сме кадарни тоа да го оствариме. Оваа, нашата генерација, истакна Груевски.

Експертите во говорот на Груевски препознаа силна решителност и голема одговорност на еден политичар чиј главен фокус се граѓаните, пишува порталот „Курир“.

Обичниот човек сака да слушне дали му се нудат решенија

Главната разлика помеѓу Никола Груевски и останатите политичари е што тој знае да го слушне гласот на народот, истото да го преточи со својот тим во програма и проекти и ветувања кое го дал пред народот дека истите со прецизни рокови ќе бидат реализирани, да го исполни! Сведоци сме дека граѓаните денес се политички образовани и свесни и јасно ги искажуваат своите барања и очекувања од нивните избрани политички репрезенти. Па така денес не можете да сретнете човек кој е загрижен околу изборот на специјалниот обвинител, но ќе сретнете многу кој се загрижени што некој член од нивната фамилија не е вработен. Исто така народот го интересира дали сегашната просечна плата од 20-тина илјади денари за неколку години ќе биде 25-30-ет илјади денари. Секако дека не му е право што повторно ќе треба да биде бележен или да му се земаат отисоци од прсти на гласање, но многу повеќе го интересира дали здравствената институција во која се лекува е со модерни услови, современа опрема и позитивен персонал, дали децата се во нови и обновени градинки и училишта. Едноставно одамна веќе Македонецот не го интересира дневна политика или чисто само како забава за ФБ, обичниот човек сака да слушне дали му се нудат решенија за подобрувања на неговиот личен стандарт, како и квалитетот на неговото живеење, вели Александар Пандов во изјава за Курир.

Тој образложува дека македонскиот премиер не подлегнува под обидот за дефокусирање кое сака да го наметне опозицијата. Според Пандов, ваквиот говор одржан токму на голем ден за Македонија испраќа големи суштински пораки.

pppandovvЗа жал во Македонија и понатаму од една страна го имаме СДСМ и Зоран Заев кој секојдневно преку соросовите новинари не бомбардира со малограѓанштина водена од неговиот примитивистички пристап кон политиката и за среќа ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски кој влегува во есенцијата на проблемите на народот и ги решава. Она што мене посебно ме радува е што Груевски не дозволува да биде дефокусиран од својата програма за реализација на целите кој биле поставени во договор со граѓаните. Конечно, ако за време на историските два Илендена, јунаци и херои биле тие кој земале пушка во рака и се бореле за слобода на Македонија, денес Илинденци се оние кои со целиот свој интелектуален и физички капацитет ќе се вложат во подобрување на стандардот на граѓаните, заклучува Пандов во изјавата за „Курир“.

Универзитетската професорка Татјана Каракамишева-Јовановска во изјава за „Курир“ вели дека со вчерашниот говор Груевски испратил порака за тоа какви приоритети има еден одговорен политичар.

karakamiseva500Вчерашниот говор испрати силна илинденска порака за тоа што и кои треба да бидат приоритетите на секој одговорен и посветен политичар кој ја менаџира власта или кој планира да биде власт тогаш кога граѓаните ќе му ја дадат поддршката за тоа. Политичката одговорност, посветеноста кон обмислување и посебно кон целосна реализација на ветените проекти како и отчетноста за сработеното остануваат и натаму да бидат идеја водилка на Груевски и неговиот тим. Периодот што следи целосно ќе биде фокусиран на заокружување на успешните политики кои ВМРО-ДПМНЕ им ги вети на граѓаните што ќе значат успешно зачувување, но и добивање на уште посилен граѓански легитимитет за исполнување на проектите посветени на сеопштиот развој на државата, унапредување на економските перформанси на системот и подигнување на благосостојбата на граѓаните, потенцира професорката.

 

Премиерот Никола Груевски вчера положи цвеќе и одржа говор пред споменикот на Методија Андонов Ченто на централниот градски плоштад по повод одбележувањето на двата Илиндена.