Груевски: Службите прислушуваат стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа во саботата вечерта обвини дека стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.

„Имаме информација дека целото раковоство на ВМРО-ДПМНЕ е прислушувани. Тоа е организирано. Второ, во УБК отворено е досие под името ‘Македонски екстремизам и тероризам’ против ВМРО-ДПМНЕ. Нашите информации велат дека тоа го прави МВР. Каде да го пријавиме, кај нив истите? Крајна цел не е само ВМРО и јас, крајна цел е да се сузбие секој самомислечки Македонец, за сакањето на државата да стане демоде, а модерно да биде хомосексуални паради и посвојување деца од хомосексуалци’, заклучи Груевски.

Станува збор дека на удар на тајните служби се лица од раководството на партијата, коишто се ставени под оперативна обработка,

Кажа дека нема кому да се пожали во врска со ова, бидејќи друг владее со тајните службите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.