Груевски со честитки за Вардар: Очекуваме уште радости и победи, Трајановски: 2017-та е година на Вардар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва на социјалните мрежи ја честиташе историската победа на фудбалскиот клуб Вардар во натпреварот против Фенербахче, а на сензацуоналниот успех честиташе и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

„Честитки за Вардар, одличната игра на вардаровите фудбалери и постигнатиот успех. Фенербахче цврст и достоен противник. Очекуваме уште радости и победи на Вардар кој вечерва нѐ направи горди на успехот“, пишува Груевски.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски преку социјалните мрежи им ја честиташе победата и историскиот успех на ФК Вардар.

„2017 е година на ВАРДАР! По европската титула на машката ракометна екипа и второто место на женската ракометна екипа, и фудбалерите на Вардар испишаа спортска историја, станувајќи првата македонска екипа да се квалификува во групната фаза на едно од европските натпреварувања. Честитки за фудбалерите и стручниот штаб на ФК Вардар. Напред Вардар, Скопје е со тебе. #ЕденЖивотЕднаЉубов„, напиша Трајановски на Фејсбук.