Македонија

Груевски со дипломатска офанзива и актививности во пресрет на Европскиот Самит

Груевски со дипломатска офанзива и актививности во пресрет на Европскиот Самит

На агендата на Груевски се интензивни средби со политичките авторитети и дипломати во ЕУ со цел размена на ставови за актуелниот развој  на настаните и перспективите  за процесот на европската интеграција на Република Македонија.

На средбата со предесеталот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј, Груевски ќе ги истакне напорите  и реформите кои ги прави македонската Влада на патот кон европските интеграции- кои впрочем беа нотирани и во петтиот по ред позитивен изветај од Европската Комисија.

Во истовреме на средбата премиерот Груевски ќе го запознае својот соговорник  и со аспектите на спорот за името кое останува единствената пречка  на евроатланските интеграции на државата како и подготвеноста и отвореноста на македонската страна  да се разговара за неговото надминување. На средбата ке се разговара и за економскиот напредок и активните реформи кои се превземаат на тој план, како и решеноста да се работи на подобрување на стандартот на граѓаните.

Потоа, премиерот ќе одржи и работен ручек со амбасадорите на земјите членки на ЕУ со цел да бидат презентирани чекорите на македонската владта за зачленување во Унијата.

Пред дипломатскиот кор во Брисел, Груевски ке истакне дека Македонија е целосно подготвена да преговара и повеќе од било која друга земја кандидат е посветена на тој процес, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Во рамките на посетата премиерот ќе ја посети и белгиската универзитетска болница во Лувен. На сребата со менаџерскиот тим ќе бидат разгледани можностите за поблиска соработка и размена , односно едукација на македонскиот медицински персонал  во овој врвен европски универзитетски центар.

На крајот од својот престој премиерот Груевски ќе се обрати  и во фондацијата Конард Аденауер, каде на присутните ќе им ги презентира клучните реформаторски  процеси во делот на развојот на економијата во државата.