Груевски: Со дворски игри Жерновски го прикрива своето неработење

Жерновски глуми жртва и со дворски игри се обидува да го прикрие своето неработење, вака ја коментираше премиерот Никола Груевски, одлуката на градоначалникот на Центар за вето на изгласаните урбанистички планови за Водно и Тасино Чешмиче.

Груевски дециден дека во општина Центар нема работа, не се реализирани ветените проекти па со византиска политика се обидува да го оттргне вниманието на јавноста.

Жерновски останува на својата одлука, да го запре објавувањето на одлуките на советот на општина Центар, повикувајќи го Претседателот на Собранието, автентично да го толкува законот за локална самоуправа.

Според законот, доколку советот на Општина Центар повторно ги изгласа урбанистичките планови, Жерновски ќе мора да ги потпише, а потоа да се обрати до Уставниот суд.