Груевски со осуда за терористичкиот напад во Париз

Осуда за терористичкиот напад во Париз од страна на македонскиот премиер Никола Груевски.

Терористичкиот напад  во Париз што се случи синоќа однесе огромен број жртви, тоа е грозоморен чин што го осудуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тероризмот, потенцира Груевски, станува се поголема закана за светот вклучувајќи ја и Европа. Нема држава која што е имуна на терористички напади и секоја може да биде предмет на таков напад.

Секоја држава треба да биде добро подготвена колку што е можно повеќе да ги превенира или да ги запре во самиот почеток пред да дојде до вакви масовни жртви и убиства како синоќа во Париз, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на село Нерези во општина Карпош.

Во телеграмата до неговиот француски колега Груевски изрази сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека македонската држава стои рамо до рамо со Франција и со сите сојузници од ЕУ и НАТО во борбата против глобалниот тероризам и против тероризмот во која било држава во Европа и во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.