Груевски со порака: ЕУ и НАТО остануваат наша стратешка определба

Никола Груевски истакна дека еден од најголемите предизвици со кои се соочила Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е блокадата за одамна заслуженото членство во ЕУ и НАТО. Тој смета дека во периодот помеѓу двата конгреса, Македонија продолжи да добива позитивни извештаи од ЕУ пропратени со препорака за почеток на преговорите.

Сепак, за жал, поради противењето на Грција, Македонија не ги започна преговорите.

Пресудата добиена во Хаг во 2011-та година, како што потенцираше Груевски, иако ветер во грб, не беше доволна за деблокада на процесот.

-На самитите во Кардиф и во Чикаго беше потврдено дека Македонија ги исполнува сите услови и стандарди за полноправно членство во НАТО алијансата. Македонија продолжи да се однесува како да е членка на НАТО, во делот на испраќање војници во мировните мисии. Во изминатите 4 години, финасиката криза кај нашиот јужен сосед беше најчестиот изговор за непосветеноста на ова прашање, која беше изразена со ексремно тврди позиции од нивна страна, кои ја вклучуваат промената на уставот на Република Макеоднија со цел смена на уставното име, ниту пак се виде расположение за прифаќање на идентитетот на Македонците. Сите наши обиди, и обидите на нашите пријатели и подржувчи завршуваа со одговорот од некого дека грчката влада, заради домашните проблеми не е во можност за постигнување на компромис по ова прашање,а од истите причини и големите сили несакаат да и направат некој поголем притисок. И како што ми рече еден висок европски функционер, имате два избора, или да ги прифатите сите нивни услови, или да чекате. Фрустрирачки е да сезборува за ова прашање вокое е содржана голема неправда кон нас, вели Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека како влада нема да се откажат од агендата за членство во ЕУ и НАТО. Како што самиот Груевски изјави борбата за пронаоѓање на начини за остварување на целта ќе продолжи.

-Ние не се откажуваме и ќе продолжиме да се бориме и да бараме начини да ја оствариме целта. Нашите позиции по ова прашање се познати и се внесени и во сите наши изборни партиски програми до сега. Тие се ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име, вели Никола Груевски, кој уште еднаш потенцираше дека членството во ЕУ и НАТО остануваат стратешка цел.