Македонија

Груевски: Со проектот „Македонија вработува“ ќе се вработат околу 20.000 луѓе

Груевски: Со проектот „Македонија вработува“ ќе  се вработат околу 20.000 луѓе

Премиерот Никола Груевски во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител меѓу другото говереше и за очекувањата од мега – пртоектот на Владата Македонија Вработува.

– Тоа е голем проект, тоа е многу значаен проект. Очекуваме со овој проект да се вработат околу 20.000 луѓе, благодарение на овие поволности кои што се даваат за наредните 12 месеци за компаниите во РМ. Имено како што знаете, со овој проект се овозможува за неколку старосни групи да бидат ослободени од давачките за пензинско, здравствено осигурување и придонесот за вработување, а во делот до 35 години и од персоналниот данок на доход, информираше премиерот.

Груевски рече дека станува збор за многу сериозни олеснувања за компаниите и изрази уверување дека овие мерки ќе бидат искористени во периодот од следните 12 месеци од нивна страна и дека ќе најдат можност за нови вработрувања.

– Ова е ретка можност, бидејќи во повеќето од нив се нуди можност пет години да бидат ослободени од овие давачки. Некои од нив потоа немаат никаква одоворност, некои од нив имаат обврска да ги задржат уште една година. Станува збор за различни категории, меѓу кои што се и најранливите категории граѓани: лица приматели на социјална помош, лица што се невработени повеќе од десет години, лица кои се над 50 години и немаат работа, лица кои останале без работа од стечаите, од транзицијата, млади лица, лица од домови без родителска грижа и повече други категории, рече премиерот.