Груевски со семејството за Велигден во Штип (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го искористи продолжениот велигденски викенд да го помине со семјетвото во посета на неколку цркви во Македонија.

За првиот ден на Велигден Гревски на профилот на Фејсбук објави фотографии од посетата на Ново Село во Штип, на училиштето во кое македонскиот револуционер Гоце Делчев работел како учител и на црквата „Света Богородица“.

Претходно, Груевски, сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија го пречекаа Хриството воскресение во Лесновскиот манастир, а на убавото време на Велика сабота го искористија за посета на Велес и на црквата „Света Петка“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.