Груевски: Со смислени лаги и манипулации некој сакаше да направи меѓуетнички конфликт

Со смислени лаги, дезинформации и манипулирање со јавноста некој сакаше да направи конфликт меѓу Македонците и Албанците во нашата земја, вели премиерот Груевски во вестите на Сител.

За потсетување, минатиот викенд и деновите по тоа, дел од медиумите објавуваа дека има настрадано жени и деца, дека терористите биле во патики и тренерки и слични работи кои веќе се докажа дека се невистинити.

-Кога ќе погледнете од кои медиуми доаѓаа, а тоа се медиуми кои редовно пласираат лаги и дезинформации, кога ќе погледнете дека тие не се осврнаа на тоа, да се извинеа барем да кажат дека нема цивилни жртви, нема убиено деца и жени, терористи во тренерки…ајде ќе речевме дека некој ги излажал па се извинија. Не, тие си продолжија приказна, како ништо да не кажаа претходно. Се работи за пропагандна војна, на денот на акцијата на безбедносните сили некој сакаше да создаде немир меѓу народот и меѓу Македонците и меѓу Албанците. Некој сакаше да ги поттикне граѓаните на Македонија да одат и да им пружат помош на терористите. Тоа е вистината. Го правеа тоа медиуми од внатре и медиуми од надвор, рече Груевски.

Премиерот потенцира дека на крајот се виде дека немаше ниту цивилна жртва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.