Груевски со телеграма со сочуство до францускиот премиер Валс

Премиерот Никола Груевски во име на на Владата и на граѓаните на Република Македонија испрати телеграма со сочувство за денешниот терористички напад во Париз до францускиот премиер Мануел Валс.

– Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ, пишува во телеграмата  на Груевски.

Македонскиот премиер истакнува дека Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности.

– Овој свиреп чин треба да не обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери, каква што несомнено е и Република Франција, стои во телеграмата со сочувство до премиерот на Франција, Валс.