Груевски: Со убедливата победа на Иванов, народот покажа дека знае да направи разлика

„Во првиот круг победи кандит на ВМРO и Коалицијата за подобра Македонија со убедлива поддршка со 436 илјади гласачи и со разлика од 118 илјади гласачи во однос на Пендаровски. Денеска Македонија има реазлика и народот ја препознава.  Народот изрази недвосмислено волја кави вредности поддржува, а тоа е труд, работа и чесен приод и одговорност,“ изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски.

Тој истакна дека оваа поддршка е ветер во грб за избор на претседател и добивање 62 места во Парламентот на изборите на 27 април.

„Изминатиот период слушнавме прогнози, истражувања, анкети и тие прeдизвикаа забуна. Но, кристално е јасно дека апелот до неопределените гласачи бил реален, логичен и вистинит. Според последните податоци, СДСМ го победивме во сите општини освен во Арачиново, Чучер Сандево, Карпош, Центар,“ изјави Груевски.

Претседателот на партијата испрати честитки за успешно спроведени избори, за мирен изборен ден, слободни фер и демократски избори.

„Иванов ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика дали некој гласал за него или не. Пред нас се две недели и ќе се бориме за секој глас, да му ги прикажеме проектите, плановите за следните четири години.За ова време искомунициравме 50 проекти, а имаме 2046 граѓани и се надевам ќе имаме доволно аргументи за да ни ја дадат поддршката,“ додаде Груевски.

Според информациите на Аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов освоил 436. 318 гласови, 118 илјади повеќе од Стево Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.