Груевски: Социјалните случаи бесплатно ќе добијат елаборат за легализација

Премиерот Никола Груевски кој е мандатор за новата Влада денес најави дека на корисниците на социјална помош бесплатно ќе им биде изработен елаборат за легализација на нивните дивоизградени објекти.

Ова беше ветено во нашата програма и на една од првите седници на владата ќе биде прифатено како закон кој потоа ќе биде доставен до Парламентот, а по неговото усвојување ќе стапи на сила, истакна Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.

Тој ги отфрли како неточни стравувањата кои, како што рече, во последно време се шират дека доколку некој корисник на социјална помош ја легализира куќата, ќе му биде одземена социјалната помош.

– Тоа сакам најдиректно да го демантирам. Тоа се неточни гласини. Ова е едно од ветувањата на владата кое ќе биде експресно реализирано, потенцира Груевски.

Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени околу 35 илјади корисници на социјална помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.