недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 43

Груевски: Средбата со Бајден е потврда на стратешкото партнерство со САД

gruevski-bajden-1-640x440

Последни вести

Премиерот Никола Груевски попладнево, по враќањето од Вашингтон, средбата со потпретседателот на САД Џо Бајден ја оцени како пријателска и одлична и истакна дека претставува уште една потврда на стратешкото партнерство со САД.

– Гледам дека некои од македонските медиуми и опозицијата особено се занимаваат со техникалии – кој побарал средба, дали јас сум побарал средба, дали тој кој ја организирал средбата, што организирал… Јас повеќе би зборувал за суштината, а суштината е дека имавме многу пријателска и одлична средба со господинот Џо Бајден на која присуствуваше и госпоѓата Викторија Нуланд. Дека тоа е добро не само за нас, туку и за Република Македонија. Претставува уште една потврда на нашето стратешко партнерство со САД, држава која што во овие две и пол децении независност ни има многу помогнато и поддржано и ќе не поддржува и во иднина. Разговаравме за повеќе теми  коишто веќе ги кажав во моја изјава што ја дадов уште во Вашингтон и којашто веќе е проследена во македонските медиуми, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за реализација на инвестиција со која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.

Најчитани вести