Груевски и денес на средби со граѓаните

Премиерот Груевски и денес на средби со граѓаните. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Аеродром.

Според планираното, премиерот треба да присуствува на поставувањето камен темелник за изградба на проекти, да изврши увид во градежните активности на неколку други проекти, а предвидени се средби со граѓаните од неколку населени места.

Груевски и денес на терен со граѓаните
Груевски и денес на терен со граѓаните

Премиерот ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на втората фаза од булевар Трета Македонска бригада, како и на поставување на камен темелник за изградба на комплетна инфраструктура (комунална, фекална, атмосферска, водоводна, осветлување и паркиралиште) на локалитетот Црква УЕ Б, на улица „Руди Чајавец“;

По ова премиерот ќе изврши увид во градежните активности за изградба на улица „Тодор Чангов“, во село Горно Лисиче, понатаму увид во градежните активности за изградба на улица „Горно Лисиче“ во село Горно Лисиче, а планирана е и посета на индивидуално земјоделско стопанство со овошни насади, село Долно Лисиче.

Премиерот денеска повторно ќе биде на терен со граѓаните и ќе може непосредно да ги слушне и да се запознае со нивните проблеми. За денес планирана е средба со жителите на селата Горно и Долно Лисиче.