Груевски: Сросовите НВО знаат дека тука има демократија, но парите мора да ги оправдаат

На прашањето  зошто го прави ова Сорос во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  во своето мега интервју за Република вели дека Сорос тоа не го прави само во Македонија, туку во поголем број земји, не само од регионот и од источна Европа, туку како што гледате и во самата Америка.

Вели дека од она што го прочитал за него во некои земји ударите ги прави заради финансиски материјални причини, за да заработи многу пари, во некои пак заради идеолошки причини.

-Тој има одредена идеологија за која многупати и јавно говори, која ја заснована на принципи кои ги дефинира за отворени и затворени општества, при што идеологиите на конзервативните влади, десноцетристичките влади најчесто му личат на затворени, што е тотално неточно, ама тој така го доживува тоа. Не случајно сите негови НВО и платеници секој ден зборуваат за слобода и демократија. Тие кои живеат овде во земјата знаат дека тоа го имаме, но мора да ги оправдаат парите кои ги трошат. Никој од нив нема интерес да му јa каже вистината. А ним им верува. Сорос, освен еднаш во 1991 год на еден ден, никогаш не бил во Македонија, и тој сликата за нас ја прави според тоа што му го кажуваат оние на кои им верува. Тој ги прифаќа нивните ставови и носи одлуки на база на тоа, потоа плаќа за горе долу преку тие луѓе да ја смени реалноста, која му е преставена како реалност. Последиците ги трпи целиот народ, а тој Сорос веројатно верува дека прави некоја добра работа, плус тоа му го потврдуваат оние кои му креирале такво мислење. Да бил тука барем една недела или две, да се прошетал низ градовите и да поразговара со народот, би се фатил за глава околу тоа што прави, но тој нема време за тоа, вели Груевски.