Груевски: Стилот на Заев и СДСМ е манипулирање и лажање и затоа на 11 декември ќе бидат казнети од народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на кандидатската листа во ИЕ4 Никола Груевски, вечерва во Свети Николе истакна дека по лагите на Заев и СДСМ дека во Македонија има 500.000 фантомски гласачи, бројот на гласачи во избирачкиот список не само што не се намали туку и се зголеми за 5000 гласачи. А за таквите лаги, СДСМ ќе биде казнет од народот на изборите на 11 декември.

Тој посочи дека стилот на Заев и СДСМ е манипулирање и лажање, а за таквите лаги ќе бидат казнети и овој пат од народот.

Груевски истакна дека Заев со Струмица владее 11 години и доколку граѓаните гласаат за него и СДСМ тоа ќе значи дека избираат владеење исто како во Струмица, а тоа подразбира за 11 години ни една странска инвестиција во Струмица дури и кога Македонија е 10 земја по водење бизнис и со најниски даноци во светот.

Груевски потсети и на ветувањата на Заев дека ќе изгради индустриска зона во Струмица, во која ќе бидат отворени 5000 работни места, кои никогаш не се остварија.

„Една од познатите работи во Струмица се доделувањата на тендерите. Видовме како се доделувале тендерите, на стрини, чичкови или на повисокото раководство на СДСМ. Неговиот начин на сфаќање на политиката е таков. Тоа е нивниот стил, лажење, манипулирање“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Заев секогаш кога ќе го потцени својот народ и ќе му кажува ветувања од ракав, треба да знае дека овој народ е мудар и знае да расуди.

Груевски потеницираше дека во времето на СДСМ во Македонија имаше 560.000 вработувања, додека денес коа ВМРО-ДПМНЕ е на власт таа бројка изнесува 720.000 вработени.