Груевски: Што ќе прави народот нека му ја мислат политичарите кои одат против неговата волја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека нивната партија ќе се однесува во рамките на дозволеното по законот и деловникот.

„Нашата партија ќе се однесува демократски. Народот никој не може да предвиди што ќе прави. Народот е над политичарите. Тој што оди против волјата на народот и ги руши неговите интереси, тој нека мисли што може да го снајде од народот“, вели Груевски.