Груевски: СТС Текстајл инвестира во Велес, 1000 нови работни места

атина

Германската компанија „СТС Текстајл“, која што денеска потпишува договор со македонска Владата планира инвестиција во Велес и отворање на 1.000 работни места.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил објави дека се работи за компанија која беше прогласена Топ 100-те иновативни компании во Германија

„Добра вест за Велес, но и за сите населени места во близинита на Велес и одлична вест за македонската економија. Денес е потпишувањето на договорот за инвестирање, а многу брзо потоа и конкретна реализација на инвестицијата на германската компанија STS Textiles која треба, по комплетирањето на својот бизнис план, да вработи 1000 луѓе. Тоа се 1000 семејства кои ќе најдат сигурна егзистенција и место за работа. Ова ќе биде браунфилд инвестиција, односно капацитетите на компанијата ќе бидат сместени во поранешната фабрика Нонча Камишева, или позната како поранешната Свилара во Велес, која како и многу други беше уништена во болната транзиција од која без работа останаа илјадници граѓани. Денес ние успеваме пропаднатите капацитети да претвораме во успешна приказна. Свиларата во Велес ќе биде успешна фабрика во која ќе биде сместена германската STS Textiles која ке извезува производи од индустриски текстил за автомобилската и техничка индустрија во земји како Германија, Полска, Италија и Франција. Се работи за компанија која беше прогласена Топ 100-те иновативни компании во Германија. Првиот контакт беше направен пред околу една година од страна на Климент Шекеровски, а од самиот почеток во разговорите беше вклучен и Владимир Пешевски и Џери Наумоф. На состаноците во владата, уште пред една година тие силно се бореа и успеаа да го убедат инвеститорот во конкуренција од повеќе држави, место за својата идна инвестиција да ја одберат Македонија, што е уште една потврда за добрата бизнис клима која се создава. Ние силно ќе продолжиме да работиме за стабилизација и напредок во економијата и отворање на нови работни места. И покрај сите предизвици и наметнатата политичка криза, напредокот на граѓаните останува нашиот најсилен фокус. Тоа е разликата помеѓу нас и нашите политички конкуренти. Тоа граѓаните многу добро го гледаат и ја прават разликата помеѓу нас кои работиме, носиме инвестиции, реализираме илјадници проекти, покажавме дека имаме програма и држиме до неа и оние од опозицијата кои прават деструкции и конфликтност и внесуваат несигурност. Нашата борба за секое отворено работно место продолжува!“, напиша Груевски на Фејсбук.

Договорот се потпишува денеска во Клубот на пратенци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.