Груевски: Темелко е болен, а тие го измачуваат да потпише изјава против мене

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четвртиот дел од интервјуто за порталот „Република“ говореше и за состојбата со Едмонд Темелко, за кого вели дека лежи во затвор со директна порака дека ако потпише изјава против него ќе биде ослободен.

-Да имав вина немаше борецот за човековите права на Македонците и тешко болниот Едмонд Темелко да го држат во притвор со директна порака до него дека ако потпише изјава против мене веднаш ќе го ослободат. Човекот е толку болен, што лесно може да се случи да почине, а тие го измачуваат во притвор. Тој е полуподвижен, свиткан, не може да се наведне да си ги соблече чорапите, но мора да лежи за сосила да го принудат да сведочи за нешто што не било, потенцираше Груевски.

Груевски во интервјуто кажа и дека новата власт се фокусирала на 300-400 Македонци од Пустец кои гласале, а немале никаков проблем што на истите избори над 6.000 Албанци беа донесени од дијаспората да глсаат во Кичево и Струга.

-Се фокусираа на тоа што на изборите 300-400 Македонци од Пустец гласале во Македонија, а немаат никаков проблем што на истите избори над 6 000 Албанци беа донесени од дијспората да гласаат во Кичево и Струга, изјави Груевски.