Македонија

Груевски: Терористите учестувале во повеќе конфликти, меѓу кои и на Блискиот Исток

Груевски: Терористите учестувале во повеќе конфликти, меѓу кои и на Блискиот Исток

На лицата чии домови вчера беа оштетени заради акцијата на полицијата, освен првичната хуманитарна помош, ќе им биде извршена финансиска надокнада по извршената проценка, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Терористите по бескомпромисјата операција на полицијата безусловно се предадоа, излегувајќи со бели знамиња. Тие се уапсени и ќе бидат изведени пред суд. Ќе им се суди според македонските закони во македонските судови. Засега е пронајдени тела на 14 лица за кои се претпоставува дека се припадници на терористичката група и на чие идентификување се работи. Увидот на терен не е целосно завршен. Според првичните сознанија, значаен дел од групата се лицата кои неодамна учестуваа во нападот во Гошинце. Дел од лицата, според првичните сознанија се учесници во неколку конфликти досега, делумно во овој регион, а делумно на Блискиот Исток. Тоа значи дека се лица со огромно искуство за герилско и терористичко војување и се сметаат за најпосна терористичка група на Балканот. Нивната цел и мотив ќе бидат предмет на поматамошна истрага – изјави Груевски денеска.