ВИДЕО: Груевски меѓу тетовци, вети помош и изрази сочувство

Груевски меѓу тетовци, вети помош и изрази сочувство
Груевски меѓу тетовци, вети помош и изрази сочувство

Премиерот Никола Груевски кој синоќа итно отпатува во Тетово направи увид на теренот погоден од невремето и разговараше со  граѓаните. Груевски меѓу тетовци, вети помош и изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Груевски направи увид на оштетените куќи и на инфраструктурата во придружба на жителите. Посетата ја почна во најпогоденото село, каде што разговараше со оштетените граѓани.

Премиерот присуствуваше на состанокот на кризниот штаб каде се договараа за следните мерки на помош. Состанокот се одржа во една локална продавница, а поради дефектот со струјата, кризниот штаб се состана под свеќи. Веднаш штом се раздени ќе дојдат екипи на ЕВН да работат и веднаш ќе дојде и поголема механизација. За струја, вода и расчистување. Лекови веднаш ќе стигнат, им вети на граѓаните.

Груевски ги посети повредените кои беа згрижени во тетовската болница.
Груевски ги посети повредените кои беа згрижени во тетовската болница.

Груевски меѓу тетовци, но и  разговараше со лекарскиот тим за да се информира за нивната здравствена состојба, пред комбе на Итната медицинска помош, додека лекарите пружаа помош во комбето на еден од повредените.

Премиерот го посети семејството кое во катастрофалното невреме изгуби две дечиња. Тој отиде во нивната куќа да изрази длабоко сочувство, со таткото и дедото на жртвите ја споделија тагата во нивната куќа. Им вети дека ќе ги вложи сите напори и дека ова семејство може да смета на секаква помош од Владата.

Груевски учествуваше и во работата на кризниот штаб во општина Тетово.

Груевски учествуваше и во работата на кризниот штаб во општина Тетово.
Груевски учествуваше и во работата на кризниот штаб во општина Тетово.

Селаните го информираа дека има околу 50-тина уништени домови. На локациите увид направи лично.

Груевски: Владата презема се’ што е во нејзина моќ

Се што е во наша моќ, како Влада веќе е превземено. И во Речица каде бев на терен. Бев и во болницата, разговарав со еден од повредените кој што е таму. Овде е катастрофа, многу е лошо. Не има најдено голема несреќа. Се што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. Во текот на ноќта може малку работи да се направат. Дали цените дека треба војска да се прати? Ако мислите, министерот за одбрана е овде можеме да организираме уште сабајле ќе дојдат, рече премиерот синоќа пред граѓаните.

Граѓаните скршени од несреќата најдоа утеха во најавата за мерки кои ќе се преземат. Тие разговараа со Груевски и неговиот тим и искажаа благодарност и задоволство од неговото присуство во тие тешки услови. Во една тешка атмосфера емоциите ги надвладеаја жителите кои се заблагодарија за чекорите кои итно ги превзема премиерот, кои топло го примија и известија за се низ што поминале во природната катастрофа.

 

Поврзани вести:

ВИДЕО: Тетово под вода, поплавите направија хаос