петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 23

Груевски и Трајановски меѓу жителите на Шуто Оризари

Жителите бараа да се среди атмосферската канализација. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им потенцира дека проектот е направен, а тендер ќе се распише во септември.

gruevski-sutka-teren-640x360

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги посети граѓаните на Шутка кои беа погодени од поплавите викендов.

Како што му беше потенцирано, поплавени се околу 45 куќи каде има помала штета. Луѓето ја искажаа својата среќа што нема човечки жртви во Шутка по обилните дождови.

Најголемата штета е нанесена на неколку улици. Жителите бараа да се среди атмосферската канализација. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски им потенцира дека проектот е направен, а тендер ќе се распише во септември . Ќе се вложува и во водоводот.

Џамијата исто така била малку поплавена за време на врнежите. На граѓаните им беше ветено дека  ќе се испратат агрегати на струја за да се извади водата од  мал број на куќи кои останаа под вода.

gruevski-sutka-teren2gruevski-sutka-teren3 gruevski-sutka-teren5

Најчитани вести