Груевски: Учениците ќе учат по програма од Кембриџ

Во новата програма се предвидуваат промени и во образованието. Предвидено е менување на наставните програми во делот на природните науки и математиката, истакна на вечерашниот митинг во Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Програмите ќе се менуваат со превземање на природните науки и математиката од Кембриџ, најсовремената во моментов институција за правење на наставни програми“, посочи Груевски.

Груевски воедно нагласи дека предвидена е набавка на 300.000 таблет компјутери со тастатура како замена на постојните компјутери за учениците.

Пред струмичани промовирајќи ја новата програма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека истата е најобемна, содржи 2046 проекти во кои може да се пронајде секој граѓанин. Тој ги повка присутните на вечерашниот митинг да не се колебаат и да одат на проверено, бидејќи како што рече, тие како партија докажале дека довербата ја ценат и дека дадениот збор мора да го исполнат.