среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Груевски упати телеграма со сочуство до Оланд и Валс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод синоќешните напади во Ница упати телеграма со сочувство до францускиот Претседател Франсоа Оланд, и Премиерот Мануел Валс.

gruevski-intervju-2

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод синоќешните напади во Ница упати телеграма со сочувство до францускиот Претседател Франсоа Оланд, и Премиерот Мануел Валс.

Интегрален текст од телеграмата:

Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ.

Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно.

Темелите на кои се базира нашата цивилизација не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени.

Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција.

Најчитани вести