Груевски упати телеграма со сочувство до претседателот на Турција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поради вчерашните напади на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул упати телеграма со сочуство до претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Со длабока тага, шок и огорченост ја примив информацијата за терористичките напади во Истанбул. Дозволете ми да го искажам моето најдлабоко сочувство до Вас, семејствата на настаданите и до граѓаните на Турција за претрпените загуби.

Дозволете ми да ве уверам дека македонските граѓани имаат посебна симпатија кон пријателскиот турски народ и се потресени и вознемирени од овој злосторнички чин кој е напад врз човечките вредности.

Човештвото е исправено пред сериозен тест. Но ниту Турција, ниту било која друга земја која се бори со тероризмот не може да се бори сама, туку заеднички со своите искрени пријатели да направи стратегија базирана врз мудри одлуки, да делува силно, истрајно и одлучно. Борбата против тероризмот никогаш нема да запре, но не смееме да се откажеме од неа, се вели во телеграмата на Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.