Груевски уште во 2003. пишуваше за она што беше претставено како големо поврзување на берзите во регионот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски уште во 2003. година пишуваше за она што пред некој ден беше претставено како голема работа, односно регионалното поврзување на македонската со берзите на повеќе останати земји од регионот.

Груевски 13 години пред тоа реално да се случи, во колумна објаснува дека иднината на берзите е преку нивно регионално поврзување, и берзанско тргување кое би значело обединување и поврзување на капиталот. Тој истакнува дека тоа е еден неминовен процес кој кога тогаш ќе се случи.

-Она што навистина треба да следува и што долгорочно би можело и Скопје да го направи град со фрекфентна берза и берзанско тргување е интегрирање или поврзување на сите берзи, најмалку во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Ова би значело дека правилата и прописите за берзанско тргување и правните процедури и закони околу хартиите од вредност најпрвин би требало да се изедначат или унифицираат во сите овие држави. Така со сите котирани компании на сите берзи ворегионот би можело директно да се тргува од која било берза. Преку македонските брокери ние би можеле директно да купуваме или продаваме од Скопје акции од компании на словенечката, грчката, или турската или пак хрватската, бугарската, романската и други берзи во регионот, пишува Груевски во колумната објавена на 13 јануари 2003-та година.

Тој визионерски додава “Можеби едно вакво поврзување е чекор пред едно поглобално поврзувањена берзите кое, колку и да изгледа нереално во овој момент, е нешто што кога тогаш ќе се случи, пишува Груевски за Утрински.

13 години подоцна на 20 годишнината на македонската берза кон крајот во февруари беше одлучено македонската, бугарската и хрватската берза да се обединат и ќе ги пренасочуваат налозите за тргување преку СЕЕ Линк платформата која беше официјално промовирана во Скопје.

Таквото обединување на берзите беше прикажано како огромен чекор. СЕЕ Линк платформата претставува електронски систем за пренасочување на налозите за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи.

Намера за приклучување кон платформата веќе пројавиле Белградската и Љубљанската берза.

-На среден рок очекуваме позитивно влијание на зголемување на прометот на сите локални берзи, а за Македонија ова ќе значи една друга новина, поточно на македонските инвеститори ќе им се отворат нови канали за деловни можности, односно инвестирање во странски хартии од вредност, истакна Иван Штериев, генерален извршен директор на Македонската берза.