Политика

Груевски: Веројатно Заев е љубоморен што не доби орден за разнебитување на Македонија

Груевски: Веројатно Заев е љубоморен што не доби орден за разнебитување на Македонија

Е тој човек деновиве доби златен орден за заслуги затоа што помогнал во овие процеси уште во 2001-вата година, а очигледно помага и сега. Си го зема орденот понизно, се заблагодари, си го грабна орденот, затоа што помогнал во конфликтот, затоа што сега помага кон разнебитување на Република Македонија. Жив среќен што го наградиле со орден, срамота, срамота, рече Груевски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Аеродорм.

Тој нагласи дека веројатно Заев е сега љубоморен што не доби ваков еден орден тој, ама важно во кланот останува. Дали е Заев или овој локален филантроп, рече Груевски исто е, кај нив е, во екипа е.

Зошто според Заев сега му е мајката да се направат промените и редефинира државата, на што ние му одговараме дека сега му е мајката да го добие одговорот од народот на 11-ти декември за се она што го правеа во минатото. Чувствувам како да Заев би бил најсреќен да му одговараме на неговите ниски удари, навреди политички празни говори. Но сето тоа е магла. Не може да не одврати да збориме од она што е вистинска потреба на граѓаните за она што ги решава проблемите на луѓето и носи напредок, а тоа е нашата програма која е најобемна со над 500 страници конкретни проекти за развој на државата. Ќе зборам и денес за покажувањето на платите, пензиите, социјалната помош, за мерките во земјоделието здравството, за патиштата и сообраќајниците за проектите кои го прават животот подобар, рече Груевски.