ТОП,Македонија

Груевски: Ветено и остварено – „Гентерм“ ќе вработи 2.000 лица

Груевски: Ветено и остварено – „Гентерм“ ќе вработи 2.000 лица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес преку социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој информира дека денес стартува со работа фабриката на американскиот инвеститор „Гентерм“ која е сместена во Прилеп.

nikola-gruevski-fb

Ветено и остварено. Инвестиција вредна 26 милиони евра која треба да вработи околу 2000 луѓе, што значи сигурна егзистенција, стабилност и можност за планирање на иднината за 2000 семејства. Се работи за глобален бренд кој произведува автомобилски компоненти за светски брендови како Mercedes, BMW, Volkswagen, Ford, Fiat и други, глобална компанија присутна на три континенти со над 10 илјади вработени. Оваа инвестиција е силна додадена вредност за развој на економијата на Република Македонија, но и обезбедување на економски развој на Прилеп и Прилепско. Ваквите инвестиции се и погон кој ја забрзува економијата, зајакнува извозот, но и ја поттикнува домашната економија со кого инвеститорите од странство се почесто соработуваат. Ова е доказ дека истрајноста, посветеноста кон работите кои решаваат проблеми на граѓаните се исплатува. Тоа е нашиот фокус и ние продолжуваме да работиме за таа цел, пишува Груевски на Фејсбук.