Груевски: Владата никогаш не правела проекти на штета на граѓаните

Владата никогаш не правела проекти кои што ќе им наштетат на граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со проектот Луково поле.

„Владата на Македонија планира проектот Луково поле да го реализира во соработка со Светска банка, но мора прво да се направи студија за животната средина и да се направи проценка дали ќе има штета за природата од овој проект“, рече премиерот, нагласувајќи дека Светска банмкла нема да се сложи да финансира проект кој што претставува потенцијална опасност за животната средина.

Тој најави дека ќе се ангажираат врвни експерти кои ќе направат повеќе анализи и со тоа ќе се елиминираат и најмалите можности за евентуално предизвикување на штети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.